Home » Нови руски гранатирања

Нови руски гранатирања

by Журнал.мк

Најмалку три лица биле повредени откако украинската противвоздушна одбрана спречила руски воздушни напади врз Одеса. Целта била цивилна инфраструктура. Оштетени се студентски дом и супермаркет.

„Имаше жена на скалите облеана во крв. Таа беше облечена во панталони. Беше невозможно да се види што има таму. Двајца беа оперирани, а еден беше на интензивна нега“, изјави локална жителка.

„Бев во спалната соба, се потпрев на ѕидот. Ме спаси тоа што имав ролетни на прозорците. Имам изгореница – веројатно од некаков шрапнел. Ме спаси Господ“вели друга жителка.

„Удри во дворот и целото семејство загина12-годишно момче беше тешко повредено. За жал, тој почина во болницаИмало и бебе од само 23 денакое починало на лице место со мајката и таткотоВо овој страшен терористички напад загинале 5 лица“, изјави Олександр Толокоников од Регионалната државна управа Херсон.

Рускиот министер за одбрана Шојгу во рамки на Меѓународниот армиски форум истакна дека е света должност да се зачува историската вистина во однос на придонесот во соборувањето на нацизмот.

„Охрабрувачки е што продолжуваме целосно да се поддржуваме меѓусебно и да се ангажираме во духот на стратешко партнерство наспроти невидената кампања за санкции што ја води целиот запад против нашите влади“, изјави Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија.

Зеленски се закани со одмазда откако Москва обвини за украински гранатирања и напади со беспилотни летала на руска територија.

„Руските окупатори брутално ја погодија областа ХерсонИма мртви и повредени. Мое сочувство. Отприлика во исто време, селото Станислав беше гранатирано. Има 17 пријави за гранатирањеизјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претходно, предупредувачки истрели од руска морнарица кон товарен брод во Црно Море што пловел кон Украина. Инцидентот се случува откако Русија минатиот месец се повлече од договорот за жито.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More