Home » Нови руски воздушни напади со дронови врз Киев

Нови руски воздушни напади со дронови врз Киев

by Журнал.мк

Со камикази-дронови руските сили ги погодија украински пристаништа на Рени и Исмаил на Дунав, неколку стотици метри од Романија, членка на НАТО. Нови руски воздушни напади со дронови и врз Киев. Украинското воздухопловство тврди дека успеале да ги соборат сите беспилотни летала. Сирени за опасност од балистички напади се огласија и во источните и југоисточните делови од земјата.

„Шест пловила, по нападот, контактиравме со пристанишната контрола и баравме дозвола за влез во романските национални води. Решението беше да се закотвиме на десниот брег. Сите шест пловила се безбедни“, информираше Владут Бринжа, раководител на пристаниште.

Украинскиот министер за одбрана, Резников, изјави дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим и логистичките цели на непријателот, за да ја спречи можноста за набавка на муниција. Вашингтон ќе испрати нова воена помош во вредност од 400 милиони долари. Киев најави преговори за пристапување во Европската унија оваа година. Во Брисел дискусија за ситуацијата со извозот на житото. И Кремљ се огласи за договорот за житото.

„Во моментов е невозможно да се вратиме во договорот, бидејќи тој не се спроведува. Тој, всушност, никогаш не се спроведуваше. Поради тоа, невозможно е. Во исто време, претседателот Путин кажа јасно дека Русија е подготвена да го продолжи договорот веднаш штом биде реализиран“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Шефот на Кремљ им се заблагодари на државните истражители за работата во окупираните украински територии.

Ви благодарам за службата во татковината и за народот на Русија. Да се биде истражител значи да се биде на страната на законот и правото, да се води цврста војна против корупцијата, екстремизмот, тероризмот, откривањето на криминалците. Вака работат агенциите во новите региони на нашата земја „Нова Русија“ и Донбас“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

Во меѓувреме, операторите на нуклеарната централа во Запорожје ги деактивирале двата реактора поради редовни работи на сервисирањето. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), од минатата година спроведува редовни инспекции и настојува да воспостави безбедносен механизам за да спречи можни несреќи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More