-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Нови обвиненија за сексуално злоставување против Куба Гудинг-џуниор

Најчитани вести

Уште две жени го обвинуваат оскаровецот Куба Гудинг-џуниор за сексуално злоставување, јави ТМЗ повикувајќи се на полициски извори. Гудинг-Џуниор (51) е обвинет уште од три други жени, чии поплаки датираат од 2008, 2013 и 2015 година.

Сите случаи се како по шаблон, бидејќи сите се случиле во барови и ресторани во Менхетн. Една од жртвите тврди и дека глумецот ја допрел непристојно одзади во хотел во Сохо, во 2018 година. Другата,пак, вели дека ѝ ја ставил раката под здолништето.

Адвокатот на холивудската ѕвезда, Марк Хелер, го потврди само првото обвинение против неговиот клиент, како и тоа дека досега се покренати обвиненија само за два случаја.

– За настанот од 2018 година сметаме дека тоа е единственото ново тврдење, додадено кон обвинението. Веруваме дека е  целосно невистинито и воопшто нема да дојде до никаква казна, изјави Хелер.

Оскаровецот за филмот „Џери Мекгвајер“ беше и уапсен во јуни за посегнување кон 30-годишна жена, во пијана состојба, против нејзина волја. Гудинг-џуниор ги отфрли овие наводи, тврдејќи дека тој посегнал по нејзината рака, а не нејзините гради, како што тврди таа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести