33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Нови намалувања на рестрикциите во Грција, се отвораат градинките

Најчитани вести

Во рамките на олабавувањето на мерките во Грција, од денеска, под строги здравствени протоколи почнуваат со работа градинките во Грција.

Со оглед на тоа дека во градинките се деца до четиригодишна возраст, за нив, не е задолжителен ниту селф тест (како што е за учениците), ниту е задолжителна употребата на маска.

За разлика од децата, селф тестот и маската се задолжителни за воспитувачките и негователките.

Забавиштата, за деца од четири до шест години, се отворија минатата седмица, заедно со основните и средните училиште.

Од денеска, селф тестовите за учениците, наместо двапати седмично, задолжителни се само еднаш, односно учениците, секој понеделник, треба да имаат потврда за негативен тест за домашна употреба за да можат да ја следат наставата.

Селф тестот е задолжителен и за просветните работници, за вработените во јавниот сектор, во полицијата, противпожарната и крајбрежната служба, за судските службеници, како и за вработените во малопродажбата, угостителството, транспортот, службите за чистење, во фризерските и козметичките салони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести