Нови закани за поставени бомби примија некои училишта во Скопје. Гимназијата „Никола Карев“ и денеска, трет пат оваа недела се евакуира. Заканата е во исто време, на третиот училишен час претпладнево е примен мејл со заканувачка содржина дека во објектот на улилиштето е поставен експлозив. Мејл со иста содржина е примен и во средното училиште „Владо Тасевски“.
Вчера заканите со бомби кулминираа. За првпат за заканите се информираше преку мејлови испратени до медиуми. Заканата се однесуваше на училишта, музеи, државни институции, хотели, поголеми станбени објкети, се до претседателската Вила Водно.
Како и секогаш претходно во изминатите четири месеци, како што и вчера соопшти МВР, по претрагите од полицијата се потврди дека станува збор за лажни закани.