Повторно дојави за бомби во средните училиштата низ Скопје.
Евакуирана е скопската гимназија „Орце Николов“. Учениците си заминуваат дома, а медиумите објавија за дојави во „Никола Карев“ и „Владо Тасевски“.
Полицијата е на терен и ги проверува просториите.
Претходно за дел од дојавите беше поднесена кривична пријава против малолетник за дело тероризам.
Покрај средните училишта во Скопје, периодов имаше закани и во училишта и во останати градови, но и во Народна банка.
Сите дојави досега беа лажни.