37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Нови детали за флексибилните Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip2 уреди

Најчитани вести

Samsung се подготвува да ја објави својата следна генерација флексибилни телефони, а компанијата ќе ги претстави наследниците на Galaxy Z Fold2 и Galaxy Z Flip моделите . Гласините за овие уреди веќе кружат, а се претпоставува дека двата модела ќе бидат објавени веќе во јули оваа година.

Сајтот SamMobile сугерира дека следниот Galaxy Z Fold ќе има ознака на моделот SM-F926. Ќе биде достапен со најмалку 256 GB простор, ќе користи Android 11 и One UI 3.5 кориснички интерфејс. Следниот Galaxy Z Flip3, пак, ќе има ознака на модел SM-F711 и ќе биде достапен во варијанти од 128GB и 256GB и со иста софтверска поддршка, како кај Galaxy Z Fold3 моделот .

Концепт рендерите на Samsung Galaxy Z Fold3 дизајн на задната страна како кај Galaxy S21 серијата. Телефонот може да чини исто како и неговиот претходник, а се споменуваат и селфи камера под екранот и поддршка за паметно пенкало.

Galaxy Z Flip2 може да има дисплеј со освежување од 120Hz со потенки рамки, а исто така се очекува и поголем надворешен екран.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести