23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Новите HP Envy лаптопи користат најнови Intel и AMD процесори

Најчитани вести

HP го претстави новиот конвертибилен Envy x360 15 лаптоп, како и новиот Envy 17 модел. Двата модели се наменети за креаторите, а HP истакнува дека лаптопите се креирани од одржливи материјали, како што се рециклиран алуминиум и океанска пластика.

Envy x360 15 пристигнува во опции со Intel процесори од 11. генерација или AMD Ryzen 5000 U серија процесори, а на корисниците им се достапни Natural Silver и Nightfall Black боите. Покрја најновите процесори, достапен е и графичкиот процесор Nvidia GeForce MX450. Екранот доаѓа во опции до 4K OLED панели.

Envy 17 е опишан како моќен мобилен систем за креатори, а пристигнува со до Core i7-1165G7 процесор и Nvidia GeForce MX450 графичка карта. Екранот од 17,3 инчи доаѓа во 4K резолуција, но не е OLED, како кај Envy x360 15 моделот. Причината е што не постојат 17,3 инчни 16:9 OLED дисплеи. Има до 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање.

Envy x360 15 базиран на AMD има почетна цена од 750 долари, додека Intel варијантата чини 900 долари. Envy 17 пристигнува со почетна цена од 1.250 долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести