3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Новиот Jaguar F-Type со централно поставен мотор

Најчитани вести

Во наредната генерација на Jaguar F-Type моделот Британците планираат сериозни измени а една од опциите е и централно поставен мотор, а втората е уште подрастична– сметување на погонот назад, зад патничкиот простор.

Деталите за овој автомобил за сега речиси и да нема, но допираат шепотења дека новата генерација ќе биде електрифицирана, како и дека може да биде опремен и со целосно електричен погонски систем.

Јан Калум (Ian Callum), досегашниот директорот на дизајн на овој бренд што неодамна тргна во нова авантура како дизајнер на мебел, сепак оставил голем дел од своето знаење и енергија учествувајќи во дизајнот на новата генерација.

Не е познато ниту на која ќе биде изграден новиот Jaguar F-Type, но со оглед на финансиските тешкотии со кои се судира Компанијата, не е многу веројатно дека ќе користи сосема нова платформа .

Една од опциите е и здружувањето со баварскиот автомобилски гигант BMW поради развој на платформата за електричните спортски автомобили, a втората споделување на платформата што се користи во производството на Jaguar I-Pace.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com