9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Новиот iPhone нема да има физички копчиња?

Најчитани вести

Како што се приближува времето за новата конференција на Apple, така се појавуваат и сè повеќе непотврдени информации околу новата генерација на iPhone, а една од нив е дека Apple неодамна поднел патент кој би можел да овозможи iPhone без физички копчиња.

Големите технолошки компании често поднесуваат патенти за да ги заштитат иновациите ан нивните развојни тимови, а според AppleInsider, овој патент на Apple би можел драстично да ги промени изгледот и функциите на iPhone.

Копчето кое недостасува

Патентот на Apple има назив „Копчето или слајдерот кои недостасуваат” и поврдува дека Apple работи на тоа целосно да ги елиминира физичките копчиња и да ги замени со капацитативни, односно површини чувствителни на допир. Во патентот се наведува дека овие површини се скриени во рамката на телефонот и се гледаат само кога се осветлени.

Овој концепт потсетува на камерите под екранот кои се скриени под слој пиксели.

Покрај естетиката, се очакува ова да ги подобри и издржливоста функционалноста и издржливоста на уредите, бидејќи физичките копчиња често се оштетуваат со тек на времето, а под нив се вовлекуваат прашина и нечистотии.

Прашањето е дали овој новитет ќе го видиме веќе во iPhone 13 или во генерацијата после него.

Елиминација и на приклучокот за полнење

Покрај копчињата, веќе некое време се зборува дека Apple ќе го отстрани и приклучокот за полнење и iPhone ќе се полни исклучиво безжично.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com