Оваа година, заедно со iPhone 11 серијата Apple ќе претстави и неколку нови таблети.
Станува збор за два модели – 10.2 инчниот iPad (2019) и подобрен iPad Pro модел. Деталите за овие уреди сеуште не се познати целосно, но деновиве се појавија интересни информации за нив.
Според нив, 10.2 инчниот iPad ќе има систем од две камери на задната страна сместени во горниот лев агол, исто како што очекуваме кај iPhone 11.Овие камери ќе бидат во форма на квадрат и придружени од dual LED блиц. Главниот сензор кој ќе има оптичка стабилизација на сликите ќе биде сличен како оној на сегашните модели. Тоа значи дека ќе биде 12 мегапикселен. За жал, спецификациите на вториот сензор не се познати./gsm.mk

