8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот

Најчитани вести

Новиот премиер на Непал, Шер Бахадур Деуба, ја доби поддршката од повеќе од половината пратеници во Долниот дом на парламентот, кои му дозволија да остане на власт до изборите следната година.

Деубу синоќа беше поддржан од 165 пратеници, додека 83 гласаа против него.

Тој минатата недела го почна својот петти мандат како шеф на владата, додека претходниот му заврши во 2018 година.

Деуба беше премиер на Непал во 1995, 2001, 2004 и 2017 година, но никогаш немаше цел мандат на чело на владата, како што нема да има ни сега.

Лидерот на Конгресната партија, најстарата во земјата, беше назначен за премиер во вторникот, откако Врховниот суд го поддржа неговото барање да биде нов премиер, бидејќи претходниот ден донесе одлука за смена на премиерот Каџа Прасад Оли .

Се очекува Деуба повторно да го приближи Непал до Индија, откако Оли посвети поголемо внимание на врските со Кина.

Деуба е политички активен уште од студентските денови, а мина девет години во затвор затоа што се спротивстави на автократското владеење на монархијата, што беше укината во Непал во 2008 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести