8.2 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Новиот закон што овозможува извоз на медицински канабис влезе во собрание

Најчитани вести

Во собранието денеска се закажани седници на неколку собраниски комисии, меѓу кои и на Комисијата за здравство, каде на дневен ред, покрај останатото, е и Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со кој треба да се регулира одгледувањето и производството на медицинска марихуана.

Како што е познато, со овој закон треба да се овозможи извоз не само на маслото од канабис, туку и на сувиот цвет, од кој компаниите имаат огромни залихи во магацините, меѓутоа ниту имаат технологија да ги искористат за екстракт, ниту можат да ги извезуваат согласно постоечкиот закон.

Новиот закон неколку пати беше доработуван, што предизвика револт кај лиценцираните компании за медицински канабис, кои дури се заканија ако новиот закон не се донесе во најкус рок ќе го истурат канабисот пред влада.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести