9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Новиот градоначалник на Пустец демантира дека на изборите имало упатство за гласање на бугарски јазик

Најчитани вести

Во Мала Преспа за време на локалните избори не беа делени упатства за гласање на бугарски и албански јазик, наместо на македонски и албански јазик. Одговорно тврдам дека такво упатство за време на целата кампања на локалните избори што се одржаа на 30 јуни во Мала Преспа не забележавме, изјави новиот градоначалник на општина Пустец Пали Колефски, единствен градоначалник Македонец во Албанија.

„Вистината е дека во Мала Преспа живеат Македонци! Јас сум Македонец“, изјави Колефски.

По трите последователни мандати, Едмонд Темелко повеќе не е градоначалник на Пустец, единствената општина со доминантно македонско население во Албанија.

Пали Колефски го доби потребното мнозинство гласови на неделните локални избори. Новиот градоначалник изјави дека дадената поддршка ќе биде негова обврска кон сите жители на Мала Преспа за нивна посреќна иднина.

„Многу сум благодарен за довербатa што ми ја укажаа жителите на мојата Мала Преспа. Новата функција за мене значи обврска кон сите жители, независно дали го дале или не гласот за мене. Очекувам голема поддршка и од Владата и премиерот Еди Рама, но и од матичната земја Македонија“, изјави Колeфски откако беше прогласен за победник.

Колeфски на локалните избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите, односно 646 гласа повеќе од неговиот противкандидат Едмонд Темелко, кој на чело на општината беше три мандати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com