29.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Новиот аргентински претседател вети воведување на „нов ред“

Најчитани вести

На претседателските избори во Аргентина убедливо победи левоцентристичкиот кандидат, Алберто Фернандез. Шеесетгодишниот Фернандез победи со 48 проценти од гласовите, а неговиот конзервативен ривал и врсник Макри, освои 40 отсто гласови, покажуваат податоците од речиси целосно преброените гласачки ливчиња.

Резултатот на Фернандез му овозможува да прогласи победа уште во првиот круг од гласањето, без да му потребно прегласување. За да биде избран уште во првиот круг од претседателските избори во земјата кандидатот треба да освои 45 проценти од гласовите или само 40 проценти доколку има 10-процентна предност пред вториот.

Фернандез вети дека ќе воведе „нов ред“ и дека ќе изгради земја „со повеќе еднаквост и солидарност“.

Неговата кандидатка за вицепретседател Кристина Фернандез де Киршнер изјави дека тој е исправен пред многу тешка задача да ја спаси земјата, „разурната”, според неа, од „неолибералните политики на Макри“. Макри го призна поразот и го поздрави својот наследник на функцијата. Тој вети дека опозицијата ќе дејствува на „разумен, конструктивен и одговорен начин“.

„Ќе продолжиме да работиме заедно за сите Аргентинци“, рече шефот на државата и додаде дека го поканил Фернандез денеска на средба.

Фернандез вети дека ќе води пазарна економска политика во обид да ги смири стравувањата дека во Аргентина ќе воведе социјалистички режим, сличен на оној во Венецуела.

Излезноста на вчерашните избори изнесуваше 80 проценти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com