15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Новинарка открива дека во рудниците во Мадагаскар работат тригодишни деца

Најчитани вести

„Ен-би-си њуз“ ќе емитува емисија во која открива како децата, од кои некои имаат само три години, работат речиси како робови во рудниците од кои вадат минерал тинец. Новинарката Синтија Мекфаден отпатува во Мадагаскар за да ја раскаже целата приказна. Во краткото видео објавено од „Дејли мејл“, Мекфаден запознава млада мајка со четири деца на возраст под пет години. Дневно работат од 5 часот наутро до 18 часот навечер за што добиваат помалку од три долари неделно. А секој ден добиваат чинија ориз, што треба да го споделат.

„Кога го слушнав тоа, морав да излезам надвор, да се соземам и потоа да се вратам на снимањето“, вели Мекфаден. За време на снимањето, еден од газдите рекол дека има многу корист од работата на децата затоа што имаат мали раце и полесно го вадат минералот што се користи во електричната индустрија.

„Оваа приказна ме вознемири, лута сум. Разговаравме и со директорите на компаниите кои многу добро знаат дека во нивните рудници работат и деца. Ни рекоа дека не можат да сторат ништо за тоа“, рече Синтија Мекфаден, која се надева дека нивната приказна сепак ќе промени нешто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести