Вира Хирих, новинарка во Радио Слободна Европа/Радио Слобода, загина како резултат на рускиот ракетен напад врз Киев на 28 април, наведува украинскиот Институтот за масовни информации, пренесува Укринформ.
Ина Кузњецова, главен уредник на украинскиот сервис на РСЕ, ја потврди оваа информација за ИМИ.
При гранатирањето проектил го погодил станот на новинарката, додаде Кузњецова.
Гранатирањето на Киев на 28 април се случи за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Доцна на 28 април, Русите го нападнаа главниот град на Украина, при што два проектила го погодија квартот Шевченковски во градот. Според првичните информации, десет лица се повредени, а четири лица се хоспитализирани како резултат на ракетен напад врз станбен блок. Според Украинската државна служба за итни случаи, зградата е делумно уништена.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подоцна изјави дека спасувачите пронашле мртво тело под урнатините на куќата.