Home » Нова Honda Civic e:HEV за Европа

Нова Honda Civic e:HEV за Европа

by Журнал.мк

По американската верзија која веќе некое време е во продажба, Honda сега конечно ја покажа и европската верзија на новиот Civic, инаку во својата 11-та генерација).

Новиот европски Civic ќе биде достапен само како хибрид (моделот се нарекува Civic e: HEV), а комбинира 2.0-литарски бензински мотор со четири цилиндри, како и со два електромотори и со пакет на литиум-јонски батерии.

Комбинираната моќност е 135 kW / 184 КС и 315 Nm максимален вртежен момент, додека е погон на предните тркала.

Од фабриката наведуваат и дека емисијата на CO2 ќе биде помала од 110 грама на км.

На возачот му се достапни четири режими на возење: Eco, Normal, Sport и Individual, а меѓу другото има и 9,0-инчен екран на информативно – забавниот систем (со безжичен Apple CarPlay и Android Auto), 10,2-инчни дигитални инструменти, Bose звучен систем со 12 звучници, 11 воздушни перничиња и безбедносни системи Honda Sensing ADAS.

Треба да се напомене дека Civic e: HEV нуди внатрешност со повеќе простор во споредба со својот претходник, благодарение на подолгото растојание помеѓу оските за 35 mm.

Новиот Civic e: HEV ќе им биде достапен на европските купувачи од есен тековната 2022 година, додека пак нејзините цени ќе бидат објавени во наредниот период.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk