11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Нова технологија на Oppo: Флексибилен OLED екран без рамки

Најчитани вести

Оваа година смартфон компанијата се натпреваруваат кој ќе претстави најголем дисплеј со најиновативна технологија и без никакви рамки. Меѓу главните играчи се Samsung, Apple, Huawei и една можеби не толку позната компанија – Oppo.

Неодамна компанијата сподели видео од сличен уред, а сега има подготвено нова технологија наречена “waterfall display”. Станува збор за флексибилен OLED панел кој има импресивен тело-дисплеј сооднос, како и флексибилни рамки.

Прв пат се запознавме со ваквата флексибилна технологија пред неколку години благодарение на Samsung и Note Edge уредот во 2014 година. Доколку ја погледнеме Note серијата неколку години подоцна, ќе забележиме дека сега ваквите флексибилни рамки се речиси непостоечки и минимални, само за да придонесат на неговиот изглед – поголемата флексибилност на екранот се покажа како не толку практична за користење.

Но, тоа нема да го спречи и Oppo да се обиде да имплементира ваква технологија кај своите смартфони./gsm.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com