36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Нова студија покажа изненадувачки ефекти на кафето врз мозокот

Најчитани вести

Ново истражување ја разгледало мозочната активност за да открие дали кафето влијае на поврзаноста на мозокот на начини што никогаш порано не биле испитувани толку внимателно.

Неврорадиологот Нуно Соуза, претседател на Португалската медицинска школа на Универзитетот Минхо, ја водеше студијата, која беше спонзорирана од Институтот за научни информации за кафето.

Соуза и неговиот истражувачки тим користеле функционална магнетна резонанца или fMRI за да го следат протокот на крв во мозокот и да активираат неврони кај група луѓе кои пијат кафе во споредба со група што не пијат кафе, а самото истражување е спроведено во три држави, пишува Eat This Not That.

„Ова е прв пат да се проучи влијанието на редовната потрошувачка на кафе врз нашиот мозок со ова ниво на детали“, напиша Соуза во студијата.

Како резултат, Соуза и неговиот тим откриле дека навистина постои поврзаност помеѓу конзумирањето кафе и поефикасен и корисен модел на врски во врска со контролата на моторните фукнции и будноста.

Со други зборови, ако се чувствувате повнимателни откако ќе го испиете утринското кафе, ова истражување потврди дека пијалокот ги има овие ефекти врз вашиот мозок.

Истражувачите откриле и динамична активност во неколку области на мозокот што сугерира дека кафето може да ја зголеми способноста за учење и фокусирање, како и за обработка и складирање на спомените.

Постои уште една врска што истражувачите ја открија, а тоа е можеби помалку изненадувачки. Мозокот на учесниците во студијата покажал поголем степен на стрес после пиење кафе.

Се чини дека студијата не истражувала дали кафето или едноставно кофеинот е она што ги донесе овие придобивки, но за оние кои уживаат да пијат кафе, тоа не е од голема важност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести