17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Нова платформа за изведувачки уметности на фестивалот „Прво па женско“

Најчитани вести

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ воведува продукција во областа на изведувачките уметности. Со поддршка на „The Kvinna till Kvinna Foundation“ и „FRIDA Young Feminist Fund“, програмата на годинашното издание е трансформирана во платформа за изведувачки уметности, симболично насловена „Испробување феминистички иднини“.

Во рамки на платформата, од јуни до октомври 2021 ќе бидат развиени два авторски проекта во областа на современиот танц, перформанс и/или театар на уметници кои работат изведувачки уметности на локалната независната културна сцена, кои не се вработени, ниту, пак, се хонорарно ангажирани во некоја јавна институција од областа на културата.

Тиииит! Инк соопшти дека на нивната интернет-страница од денеска до 15 мај 2021 е отворен повик за избор на уметниците, во кој се достапни повеќе информации за аплицирањето. Предност ќе има родовата перспектива и истражувачкиот пристап во уметничките пракси на кандидатките.

Секоја уметница ќе добие креативна, финансиска и продукциска поддршка во текот на сите фази и аспекти од креативниот процес, а ќе проследи и серија предавања за интерпретацијата на родот во уметностите, кои ќе бидат отворени и за пошироката (професионална) публика. Двете продукции ќе бидат претставени пред публика со премиерни изведби на Меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“.

Фестивалот „Прво па женско“ ќе се одржи во текот на јуни на повеќе локации низ Скопје. Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ (WowProject) и проектот „Пич Прич“ кои ги реализира Тиииит! Инк., чија цел е да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести