Кина испрати уште еден тим астронаути во својата вселенска станица Тиангонг-Небесна палата. Астронаутите полетаа со вселенското летало „Шенжу 16“ од вселенското пристаниште на северозападот на земјата.
Тие беа пренесени во вселената со ракетата „Long March 2 F“. Меѓу тројцата астронаути е и научникот Гуи Хаичао од универзитетот Беиханг, првиот цивил во историјата на Кина во вселената.
Се очекува тој да изведе експерименти на станицата. Сите други кинески астронаути досега беа од кинеската војска.