6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Нова кривична за доктор Aсани: Поради лекарска грешка 2-годишната Амила има церебрална парализа

Најчитани вести

2 години по раѓањето малата Амила речи си и да нема излезено од болница. Семејството Несимовски од Дебар тврди дека е жртва на лекарска негрижа на струшкиот гинеколог Мухамед Асани. 5 дена пред Нова година во 2018-та по прегледот кај матичниот гинеколог во Дебар, мајката Сенида била предупредена дека бебето е замотано во својата папочна врвца и дека е потребно итно да биде породена со царски рез во Струга. Татко Бајрам воопшто не губел време и со сопругата веднаш заминал во Струга каде го пречекал докторот Асани.

Само што ја примил за пораѓање, од таткото побарал 100 евра во кеш.

Бајрам добил уверување од доктор Асани дека состојбата е во ред и му рекол дека нема простор за грижи. Цели 8 часа не успеал да добие никаква информација за својата сопруга. Дека работата не е како што треба му станало јасно кога доктор Асани излегол од породилната сала и му ги вратил 100-те евра кои Бајрам му ги дал пред пораѓањето без да му каже ништо. Дека детето ќе има проблеми на Бајрам му навестил предијатарот кој прв го прегледал бебето.

Тука почнуваат проблемите за семејството Несимовски. Малата Амила итно е префрлена на скопските клиники каде што лекарите констатираат страшна дијагноза

Бајрам и неговата сопруга Сенида се убедени дека станува збор за лекарска грешка бидејќи бебето 45 минути било практично задавено со својата папочна врвца бидејќи доктор Асани, наместо да изведе царски рез, чекал мајката да се породи природно.

Бајрам вели, во 4 очи сите лекари му признаваат станува збор за класична лекарска грешка но јавно, никој не сака да зборува против свој колега. Сепак тој не се обесхрабрува

Бајрам е втор родител кој го обвинува директорот на струшката блница Мухамед Асани за лекарска негрижа. Пред само неколку дена, неговата сограѓанка, медицинската сестра Јлдиз Веаповска пред камерата на Сител сведочеше за се што поминала низ родилната сала на доктор Асани од каде заминала без матка, бубрег и еден јајник.

Вчера Дражвниот санитарен и здравствен испекторат со полициска асистенција влезе во домот на Асани но што точно се случувало таму засега нема официјални информации.

Доктор Асани рече дека нема да ги коментира обвинувањата против него и дека ќе остави на надлежните да го кажат последниот збор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести