Home » Нова интервенција на хрватската Влада, цените на горивата се ограничуваат

Нова интервенција на хрватската Влада, цените на горивата се ограничуваат

by Журнал.мк

Хрватската влада утринава на одржаната седница донела одлука за нови мерки, а кои се однесуваат на цените на горивата.

На сите бензиски пумпи, освен на оние кои се на автопат, од утре цените на горивата се фиксирани. Литар дизел е 13,08 куни, а бензинот 13,50 куни. Синиот дизел ќе се продава по цена од 9,45 куни за литар.

На автопатиштата цените на горивата растат, па така литар дизел е 13,57 куни, а Евросупер 95 – 14,06 куни.

-Одлучивме повторно да интервенираме. Ги фиксираме односно ограничуваме сегашните цени на сите бензински пумпи, освен на тие кои ќе наоѓаат на автопат. Таму ќе има раст на цената, изјавил премиерот Андреј Пленковиќ.

Владината интервенција со која се фиксираат цените, според Пленковиќ, се однесува на 94 проценти од бензиските пумпи. Оваа мерка ќе трае две недели.

Како што појасни, со вака донесената мерка се заштитуваат граѓаните и државата, односно се прави баланс со цените на бензиските на автопатиштата, особено во ек на туристичка сезона.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More