9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Нова епска шпекулација: Реал го дава најдобриот на свет и 100 милиони евра за – најскапиот?!

Најчитани вести

Приказните со заминувањето на Нејмар од ПСЖ продолжува, па како на филмска лента се редат шпекулации за следната дестинација на Бразилецот. Прво беше враќање во Барселона, па во игра влезе Реал Мадрид, кој подоцна се откажа, за Барселона повторно да биде во фокус, па одеднаш Јувентус стана сигурната дестинација и сега последно е – повторно Реал влегол во трка.

Најновата луда шпекулација која се појави во европските медиуми е дека Флорентино Перез очајно го сака Нејмар и дека е подготвен да влезе во луда трансфер-комбинација со ПСЖ. Наводно, „кралевите“ ќе го понуделе најдобриот фуддбалер на светот за 2018 година, Лука Модриќ и плус 100 милиони евра за да го добијат најскапиот фудбалер.

Само прашање е колку е ова изводливо од причина што откако дојде Зинедин Зидан, францускиот стратег не е баш заинтересиран да го има Нејмар, а уште помалку да се откаже од моторот во тимот Модриќ, кој и покрај лошата мината сезона ужива голема доверба кај тренерот и е еден од клучните играчи во средниот ред.

Тешко е за верување дека ова може да се случи од причина што Реал Мадрид за приоритет сега го има ангажманот на Пол Погба од Манчестер јунајтед. Така да, веројатно нема да трае долго оваа приказна, зашто веќе денеска или утре, ќе излезе нова овојпат поврзана со Јувентус или Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com