14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Нова главоболка за Зидан пред натпреварот против Осасуна

Најчитани вести

Вечерва почнува шестото коло од Примера, тимот на Зидан игра утре кога на „Бернабе“ ќе ја пречека Осасуна која врза четири нерешени натпревари по ред.

Гостите кои доаѓаат во Мадрид немаат пораз оваа сезона, но тренерот на Реал ќе има проблеми на левата страна. По Марсело, Зидан остана и без засилувањето од Лион исто така поради повреда. Ферланд Менди ги одигра сите 90 минути во дербито минатото коло во Севиља, но потоа се пожали на повреда. Утврдено е дека има повреда на левиот мускул и дека нема да може да настапи на натпреварот со Осасуна.

Бидејќи Зидан претходно остана без Марсело, остнува да се види дали Начо или некој друг ќе игра на позицијата лев бек како привремено решение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com