9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Нова: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Сиљановска

Најчитани вести

Пред секои избори, на стартот од изборната кампања политичките партии кои учествуваат во трката неопходно е да отворат трансакциска сметка со назнака дека е наменета за изборите и на неа се регистрираат сите приливи кои ги има партијата за кампањата, но и од таму се подмируваат сите трошоци направени во изборниот процес. Таквата, строго наменска сметка законски мора да се затвори по завршување на изборите, односно по објавата на конечните резултати од Државната изборна комисија (ДИК),пишува Љубиша Арсиќ за „НОВА“.

Во Изборниот Законик, согласно последните измени, е наведено дека партијата мора во рок од три месеци да ја затвори сметката ако изборите се претседателски или парламентарни, а за девет месеци – ако се локални. Откако ќе ја затвори има уште 30 дена да го поднесе конечниот финансиски извештај за целата кампања до надлежните институции, како ДИК, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Собранието на РСМ, како и јавно да се објави.

Вториот круг од претседателските избори оваа година беше на 5-ти мај, конечните резултати од ДИК се објавија неколку дена подоцна, а партиите до средината на септември имаа обврска да ги поднесат конечните финансиски извештаи за кампањата, откако претходно ќе ја затворат наменската транскациска сметка за изборите. Она што е симптоматично во извештајот на ВМРО ДПМНЕ е дека наместо сметката да биде затворена со салдо нула, односно на наменската сметка да нема останато долгови или да има вишок пари, на неа останале 400 илјади евра долг, врз основа на неплатени фактури кон фирми чии услуги ги користела партијата за време на кампањата. Извештајот на ВМРО ДПМНЕ го потпишал генералниот секретар Игор Јанушев кој смета дека со неплатените фактури преку изборната сметка партијата не направила никаков прекршок.

Цеиот текст на следниот линк!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести