23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Нова влада на Косово: Пандемијата – главен предизвик

Најчитани вести

Косово доби нова „лево ориентирана, реформска“ влада. Вака кабинетот на премиерот Албин Курти го опишува германската агенција ДПА. Приоритети: борба со пандемијата, економијата и правда. Па, дури потоа дијалог со Србија.

За новата влада на Косово гласаа 67 од 120 пратеници во парламентот. Триесет пратеници беа против, а воздржани немаше. Владата на Албин Курти се потпира на 58 пратеници од неговата партија Самоопределување, како и на претставниците на малцинските листи, бошњачката, турската и ромската. Пратениците од партијата Српска листа гласаа против новиот кабинет. Новата влада на Косово – „лево ориентирана, реформска“, како што ја опишува германската новинска агенција ДПА, има тројца потпретседатели и 15 министри, меѓу кои е и Горан Ракиќ од Српската листа, кој го води министерството за заедници и враќање на бегалците.

Да се обезбедат вакцини за 60 отсто од населението

Самиот Курти, како што од Приштина пренесува дописникот на ДВ од редакцијата на албански јазик, во кусиот говор по гласањето повтори дека приоритети на неговата влада се економијата и правдата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести