-4 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Новата суперѕвезда на Барселона ги воодушеви навивачите: Цел живот сакам да останам на „Камп Ноу“

Најчитани вести

Ансу Фати, 16-годишниот фудбалер на Барселона, воодушеви од стартот на сезоната откако доби шанса поради повредите на Лионел Меси, Осман Дембеле и Луис Суарез.

Откако се вратија ѕвездите во тимот, Фати го загуби местото во првиот тим, но и покрај тоа е среќен затоа што доби шанса толку млад.

„Да се постигне гол против Осасуна беше сон, тоа беше прв сениорски гол. Потоа погодив против Валенсија. Сонував за тој момент со години, а сега тоа стана реалност. Од секогаш сакав да играм за Барселона, се надевам дека цел живот ќе останам тука“, порача Фати.

Во само неколку месеци стигна од јуниорскиот тим до момент да ја дели соблекувалната со Меси, Суарез и останатите ѕвезди.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести