182
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати по забраната за влез во САД и веднаш го освои Њујорк, освојувајќи ја 24. Грен слем титула. Негов достоен ривал во финалето беше Данил Медведев. Фантастичниот Русин маестрално се бореше на преполниот и гласен стадион „Артур Еш“, но тоа не беше доволно барем за еден сет – 6:4, 7:6, 6:3.