Home » Новак емотивен: „Јелена, пехарот ти го посветувам тебе!“

Новак емотивен: „Јелена, пехарот ти го посветувам тебе!“

by Журнал.мк

Кога си шампион, тогаш си шампион и на терен и надвор од теренот. Токму таков е и Новак Џоковиќ каде се покажа и на Вимблдон освојувајќи го првото место по седми пат.

Првиот џентлменски гест беше кога Новак Џоковиќ после победата, трофејот го посвети на сопругата Јелена Џоковиќ во чест на нивната годишница од брак.

„Драга, среќна годишница, ви благодарам на сите што ме потсетувате, овој пехар и е подарок од мене“, истака Џоковиќ, кој беше поздравен со овации од трибините.

Потсетуваме, Јелена и Новак се венчаа на Севти стефан во Црна Гора каде беше одржано нивното гражанско и црквено венчање. Имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара која го изненади појавувајќи се на трибините додека го одржуваше победничкиот говор.

Ноле покажа каков џентлмен е на церемонијата каде се доделуваше пехарот кој традиционално му го предаде војвотката од Кембриџ. Џоковиќ и се поклони на Кејт Мидлтон изразувајќи почит, нешто што и претходните години го правеше кога и да освоеше Вимблдон.

Откако му го врачија пехарот, Ноле се сретна со принцот Вилијам и принцот Џорџ со возбуда, кој го крена трофејот што му го предаде Ноле. За оваа средба остро се зборува на социјалните мрежи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More