Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да паузира подолга по поразот во финалето на Вимблдон, па деновите пред настапот на турнирот ов Синсинати ги минува во САД. Новак, претгодно беше забележан од папараците во Жабљак, а сега се појавија и видеа од Дурмитор каде српскиот тенисер заедно со семејството ужива во природа.
На видеата објавени на страницата на Инстаграм „Етно Катуна Дурмитор“ се гледа дека Новак јава коњи и дека прикажал и нов имиџ, значително подолга брада отколку што сме навикнати од него. Претходно „ја пушти брадата“ за време на Вимблдон, а поради тоа му замери сопругата Јелена, па малку се среди пред финалето, но не се избричи. Се чини дека сака да испроба нов имиџ, па изгледа дека во иднина ќе го гледаме повеќе со брада.
„Порано имав суеверија, сега воопшто немам. Во првата фаза од кариерата морав да се бричам… Иако, додека беше жив дедо ми, ме предупредуваше да се бричам. Сега јас “пуштив брада затоа што жена ми вели дека изгледа убаво – морам да ја слушам сопругата, велат дека тоа е рецепт за среќен и долг живот (смеа) ќе ја скратам малку за финалето, морам “, изјави тогаш Новак Ѓоковиќ.