10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Ни 45.000 денари не се доволен мотив за да се јават попишувачи за пописот

Најчитани вести

Пописот е договорен, тој треба да се спроведе наредниот месец, но голем проблем е што нема доволно попишувачи. Втор проблем е што новите протоколи на Владата го ставаат во голема незивесност спроведувањето на оваа голема статистичка операција. Клучно прашање е дали попишувачите ќе мора да бидат вакцинирани?

Во моментов недостигаат околу 650 попишувачи , па затоа Државниот завод за статистика по трет пат за една недела го продолжи рокот за пријавување. Ниту високите хонорари, кои достигаат и до 45.000 денари, не се доволен мотив за да се пријават попишувачи.

И додека ДЗС ќе бара попишувачи, денес и утре ќе почне тестирањето на веќе пријавените во реонските региони, организирани од тамошните пописни комисии.

Но, и покрај ваквата состојба, премиерот Зоран Заев категорично тврди дека попис во септември ќе има.

– Пописот е веќе договорен, по барање на сериозен учесник во нашето општество, а тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ, кои тоа го прифатија и еднаш го одложивме пописот што сега ќе се спроведе од 5 септември, изјави премиерот Зоран Заев.

Попишувачите за 25 дена анкетирање ќе можат да земат од 25.000 до 45.000 денари, но сепак постои слаб одзив кај граѓаните. Надлежните апелираат граѓаните да се пријават како попишувачи, посебно во реоните каде што има дефицит.

А, најголем дефицит има во Скопје, во струмичкиот регион и во населените места каде има мнозинско албанско население.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com