10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Ништо помудро нема да прочитате денес: Кијану Ривс со неколку реченици објасни што е суштината на животот

Најчитани вести

Еднаш го прашале Кијану Ривс што е смислата на животот, а што одговорил тој, прочитајте во продолжение.

Животот на Кијану Ривс е проткаен со бројни трагедии и тешки моменти. Татко му бил зависник од хероин кој го напуштил семејството кога Кијану имал само три години, по што неговата мајка три пати се венчала. Тој пател од дислексија и никогаш не матурирал.

Уште една голема трагедија која ја доживеал била која неговиот најдобар пријател, младиот актер Ривер Феникс, починал како последица на предозирање во 1993 година. Актерот неговата смрт никогаш не ја преболел.

На прашањето кој е рецептот за среќа, Кијану го изјавил следното:

„Ги гледате овие луѓе зад мене? Тие брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо. Понекогаш сум толку посветен на секојдневието, што заборавам да одвојам време да уживам во убавината на животот. Како да сум зомби.

Свртете се и извадете ги слушалките од ушите. Кажете му некому „здраво“, прегрнете некој којшто изгледа како да пати. Помогнете некому“, изјавил актерот, па додал:

„Живејте го секој ден како да ви е последен. Тоа што луѓето не го знаат за мене е тоа што претходните неколку години бев во депресија. Никому ништо не сум му кажал за тоа. Морав сам да го пронајдам патот да излезам од депресијата. Личноста која ме спречуваше да бидам среќен, беше – ЈАС.

Секој ден е посебен и така треба да го доживувате. Утре никому не му е гарантирано, живејте денес!“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com