1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Ништо од Серија А: Трајковски се сели во Шпанија!?

Најчитани вести

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски нема да се пресели во италијанската Серија А, како што се шпекулираше во претходниот период, туку најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

Трајковски треба да ја продолжи кариерата во новиот шпански прволигаш, Мајорка, а македонскиот напаѓач ќе добие плата од 650.000 евра годишно.

Македонскиот фудбалер си замина на крајот на сезоната од Палермо како слободен фудбалер, откако поранешниот италијански прволигаш беше исфрлен во четвртата италијанска лига поради малверзации на претходниот сопственик на клубот.

Во наредните денови се очекува потврда на трансферот на Трајковски во редовите на новиот шпански прволигаш, со кој најверојатно ќе потпише тригодишна соработка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести