1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Ништо не можев да направам

Најчитани вести

Пол ван Боекел, ВАР судијата на полуфиналниот дуел од ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Англија и Данска, на холандските медиуми им откри што точно се има случено околу контроверзниот пенал кој беше досуден после стартот на Рахим Стерлинг.

Главниот судија, Дани Макели, во 104 минута досуди удар од белата точка, кој беше реализиран од Хари Кејн и „Гордиот Албион“ осигура пласман во финалниот натпревар.

Често пати знам да се запрашам што ќе се случеше доколку интервенирав. Можам да ги сфатам критиките, но не и тие кои се на мојата сметка. Грешката на Макели не беше толку очигледна, а јас не можев ништо да направам. Од едниот агол на камерата јасно се гледа дека има некаков контакт помеѓу дефанзивецот на Данска и напаѓачот на Англија. Мислам дека ударот од белата точка е престрога одлука, но во таквата ситуација јас морам да ја подржам одлуката на главниот судија, Таков е ВАР-протоколот, изјави Ван Боекел.
Пол ван Боекел е судија на ФИФА-листата од 2008 година, а од 2006 година е судија во холандската Прва лига.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести