4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Ниту самиот Хамес не знае каде ќе игра следната сезон

Најчитани вести

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез ова лето сигурно уште еднаш ќе го промени клубот.

На 1. јули му истекува двегодишната позајмица во Баерн и ќе се врати во Реал Мадрид откако што бараше од германскиот клуб да не го откупат неговиот договор, бидејќи очигледно не сакаше да остане во Минхен.

Некое време се пишува дека Хамес кариерата би можел да ја продолжи во Серија А и тоа во Наполи. Но, тој синоќа изјави дека се уште не знае ништо за иднината, односно не знае каде ќе игра следната сезона.

„Не знам каде ќе играм. Сега само мислам на Копа Америка. Морам да останам смирен и фокусиран на натпреварите во дресот на Колумбија. Дали ќе идам во Наполи зависи од договорите на клубовите. Луѓето во клубот работаат околу тоа и јас не можам ништо да направам“, изјави Хамес.

Новинарите го прашаа дали тренерот на Реал, Зидан разговарал со него за можно останување или било што, а тој само кратко одговорил „Не, никогаш“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести