Home » Ниту по три години не се поставени сите дела од скулпторската работилница одржана во Велес 2020 година

Ниту по три години не се поставени сите дела од скулпторската работилница одржана во Велес 2020 година

by Журнал.мк

Иако минаа скоро три години, две од делата сè уште не се поставени, за разлика од останатите четири од скулпторката работилница одржана летото 2020 година во Велес. Едната е скулптурата „Емаптија“ на авторот Иван Ковачалиев од Бугарија а втората е на велешанецот Ангел Коруновски. Истата е наменета за жртвите од ковид пандемијата и е заштитна маска. И двете се изработени од метал.

Не се поставени ниту шесте скулптурите од уметничката работилницата во 2021 година кога се работеше со рециклирано железо, создадени од креативните раце на авторите. Исто толку беа изработени на работилницата лани, и двете одржани во куќата на Касапови, како уметничко ателје.

„Одборот за подигање на спомен-обележја на територија на Општина Велес чека позитивно мислење од Секторот за урбанизам за скулптурите од 2020 и 2021 година. Додека пак скулптурите од ланската работилница, кога ќе бидат готови исто така ќе треба Одборот за подигање на спомен-обележја на територија на Општина Велес да спроведе постапка за нивно поставување“ – соопштија од локалната власт.

Општина Велес со организацијата на скулпторски работилници и изработка на дела, во камен, мермер, железо и глина, го збогатува фондот на скулптори кои потоа го красат јавните површини во градот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More