Од Ивор Мицковски
Ова во светот веќе се викаат невремиња предизвикани од климатски промени.
Се разбира, кај нас расправата ќе остане на најниско политичко ниво, од аспект кој е крив, кој бил претходно, кој е сега… Кога сите заедно 30 години не направиле ништо сериозно инфраструктурно, камоли превентивно.
Македонија е високо ризична земја за последици од климатски промени и сѐ почесто ќе бидеме мета на нагли и бурни невремиња, долги периоди на суша, пожари и сѐ друго.
Се разбира, како што не бевме спремни за пожари и суша, така сме неспремни и за силни врнежи и поплави.
Се доцни веќе со децении, не се презема ништо, темата не ни постои, така што ич немам надеж дека некој ќе разбере колку сериозна е ситуацијата.
Ниту имаме пари, ниту знаење, ниту свест, а камоли политичари или повисоки структури кои нешто би презеле за општо добро.
Тоа е…