17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Никој не разговара со Путин како Макрон

Најчитани вести

Ниту еден друг лидер не поминува толку време во разговори со рускиот претседател Владимир Путин како неговиот колега Емануел Макрон, со кого разговораа 11 пати минатиот месец, во една прилика и двапати во ист ден, пишува „Политико“, по повод објавените информации за нивната комуникација од Елисејската палата“. Згора, Макрон му беше домаќин на Путин четири пати, а претходно двапати ја посети Русија во 2018 година.

Макрон ја одржува отворена линијата на комуникација, но не успева да демонстрира никаква назнака дека влијаел врз Путин. Во февруари францускиот претседател ја посети Москва каде што го убедуваше Путин на воздржаност, но неколку недели подоцна почнаа оружените дејствија во Украина. А минатата недела Путин во телефонски разговор го информирал Макрон дека операциите во Украина се одвиваат „според планираното“, како што соопшти Елисејската палата. Двајцата лидери последен патразговараа во неделата, откако Русија наведе дека ќе одговори на „личното барање“ на Макрон и да организира хуманитарни коридори за евакуација на украинските цивили од завојуваните подрачја.

Напорите на Макрон за дијалог наидоа и на критики, особено од нордиските и балтичките држави, но Елисејската палата и поддржувачите на францускиот претседател сметаат дека е важно двајцата претседатели да продолжат со разговорите, особено додека Западот ги засилува санкциите врз Русија.

– Не е многу корисно, но сепак мора да го правиме тоа. Можеби можат да бидат спасени животи. Не смееме да одаваме впечаток дека одбиваме да разговораме. Со зголемената изолираност на Путин поради санкциите, не смееме да го сториме тоа – вели Мишел Дукло, поранешниот француски амбасадор во Сирија, во изјава за „Политико“.

Односот на Макрон со Путин е во согласност со неговите други напори на светската политичка сцена, вклучувајќи ги оние да го одоброволи Доналд Трамп кога претходниот американски претседател ја доведе во прашање посветеноста на Вашингтон кон НАТО.

Поранешен француски дипломат кој зема учество во преговорите за договорот од Минск за „Политико“ ги окарактеризира разговорите со рускиот претседател како еднострани, додека Елисејската палата објавува и фотографии од средбите на двајцата лидери, што поттикна размислување дека улогата на Макрон е пренагласена во пресрет на претседателските избори идниот месец. Сепак, се смета дека Макрон ќе продолжи со истиот тек на комуникација, дури и доколку не бидат постигнати значителни резултати, заклучува бриселскиот интернет-портал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com