Имено, популарниот Англичанец носел виолетова тафтана јакна, маица во иста боја и широки панталони.
Неговиот моден избор во овој случај можеби и немаше да биде толку забележлив доколку не се решише да го надополни со чудна плетена капа која ги покажуваше само очите. Капата беше виолетова, украсена со маргаритки и многумина ги потсетуваше на нешто што би го плетела нечија баба.

Еден корисник на социјалните мрежи коментирал дека Хамилтон изгледа како неговата „баба да му плетела облека за овој настан, па тој морал да ја облече затоа што ѝ ветил“.
Друг додаде дека Хамилтон бил прилично смел кога чекорел во ова издание, додека трет заклучил дека модата е „интересна индустрија“.
Инаку, Хамилтон има специфичен однос кон модата и често се појавува во необични комбинации. Минатата година тој на Мет Гала се појави во црн костум под кој носеше долга кошула со детали од тантела.
Покрај тоа, Хамилтон посетува модни ревии, а еднаш рече дека тоа го инспирира: „Кога сум на модната недела, опкружен сум со луѓе од сосема поинаква професија. Ги гледам како се изразуваат на сосема поинаков начин. Ми се допаѓа таа средина затоа што таму можам да се изразам.Потоа се префрлам на трките.“