Никој не ги купил акциите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнање, Сашо Мијалков кои беа ставени на продажба на 19 јули, а му беа запленети во случајот „Империја“.
На овој датум на лицитација беа ставени акции во осум компании, но од сите објавени акции за продажба, на Мијалков биле само акциите во Стопанска банка АД Битола кои се продаваа по принципот „се или ништо“ на Македонската берза
„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба“, се вели во огласот.
Заинтересинарите, исто така, како услов за учество на јавното надавање, ќе мора да положат гаранција во висина од 10 отсто од утврдената вредност на некоја од недвижностите.И по повеќе од една година откако Мијалков призна вина за предметот „Империја“ и се спогоди со Обвинителството, имотот што му го конфискуваше државата во вредност од 15 милиони евра се уште не е продаден, а актуелен сопственик е Агенцијата за управување со одземен имот.