Home » Николоски: Таравари го намести Села на изборите во Тетово за да поднесе оставка

Николоски: Таравари го намести Села на изборите во Тетово за да поднесе оставка

by Журнал.мк

Овој Арбен Таравари кој што го гледаме сега е непрепознатлив од претходно. Има еден сплет на околности кој мора да се знае, минатата година имаше локални избори во општина Тетово каде Алијанса помина катастрофално, има кредибилни информации кои говорат дека Таравари намерно го намести Зијадин Села, имајќи во предвид дека Таравари во Тетово, Гостивар е повлијателен и намерно не сработи. Села мораше да замине, тоа беше првиот чекор. Вториот чекор во скопско Тафталиџе му беше поклонета куќа од 261 квардат на Таравари и третиот чекор, тој ја внесува Алијанса во Владата. За мој вкус многу евфтино се продадоа“, рече Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на емисијата „Заспиј ако можеш “.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека во моментов ова што се случува е корупција, или „претседателот на партијата им се искорумпира, деновиве ќе извадиме некои документи за други челници во текот на собраниската дебата, така што таа партија е искорумпирана“.

„Сакаат да влезат во Влада да доискрадат. Значи има само политичка проституција и политичка корупција во Алијанса“, укажа Николоски.

Според него ова што се случува со Алијанса „не се случува ниту поради европската перспектива, ниту поради блиски програми, туку само заради политичката корупција и политичка проституција“.

Николоски заклучи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека за решавање на кризата е да се оди на избори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk