Home » Николоски од Загреб: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига

Николоски од Загреб: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига

by Журнал.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Николоски, изминатите три дена е во Загреб на настанот што го организираат пријатели на Европа на 40 највлијателни личности под 40 години, каде што разговараше за најзначајните теми со кои се соочуваат Европа и ЕУ.

„Успеав во дискусиите да ја отворам темата што се однесува на европските интеграции на Македонија, при што јасно утврдивме дека постојат две значајни пречки – првата, секако, е ветото што Бугарија го става на нашето членство во ЕУ. Но, втората е проблемот со високото ниво на корупција, која, за жал, го практицира оваа власт на СДСМ и ДУИ. И затоа се потребни промени и предвремени избори.

Исто така, разговаравме и за новиот предлог што го даде претседателот на Франција, Макрон, за постоењето на условно кажано две сојузувања во Европа, едното во рамките на ЕУ и второто во една поширока политичка европска заедница.

Сметам дека за Македонија, членството во Европската Унија нема и не смее да има алтернатива, не смее да размислуваме на ниеден друг проект, освен на полноправно членство во Европската Унија затоа што тоа Македонија и Македонците и граѓаните на Македонија го заслужуваат“, изјави Николоски.

Во исто време, додаде тој, мора силно да се работи на борба со организираниот криминал и корупција, воспоставување функционален систем на владеење на правото и силни реформи, како и економско покренување на Македонија, кои ќе водат кон успешни преговори за членство во Европската Унија и членство во Европската Унија затоа што, како што рече Николоски, ако Македонија е стабилна и средена држава, во која има функционален систем на владеење на правото, има ниско или нема ниво на корупција и исто така има добра економија, европските земји ќе сакаат Македонија да е членка на Европската Унија. За тоа е потребна промена на владата, брзи предвремени избори и една реформска влада, која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача Николоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More