31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Николоски: Власта намерно не купува вакцини за да трае кризата подолго

Најчитани вести

Власта намерно доцни со вакцинирањето со цел кризата да продолжи што повеќе, а тие да можат да ловат во матно, обвини денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Не само дали се доцни, туку и колку се доцни со вакцинирањето. За жал, Македонија е последна држава во Европа којашто почнува со вакцинација, со една многу мала скромна бројка којашто беше донирана од Србија и треба да знаат граѓаните дека денеска ќе почне имунизацијата и за два-три дена ќе заврши. Затоа што со овие 4.000 дози ќе се вакцинираат 2.000 луѓе и ќе заврши тука работата. А треба да се вакцинира некаде околу 60-70 проценти од населението, доколку сакаме Македонија да се заштити од коронавирусот. До овој момент, да имавме одговорна власт, а ја немаме, требаше Македонија да има откупено 2 милиони вакцини и милион луѓе да се вакцинираат – посочи Николоски.

Тоа е она што би го направила одговорна Влада, но неодговорна Влада го прави ова што го прави, рече Николоски.

– Еве јавно да прашам и да фрлам ракавица до власта, дали причината поради која не набавуваат вакцини е тоа што сакаат кризата да трае што подолго? Затоа што колку подолго трае кризата и овие рестрикции, толку подобро за власта, не може народот да излезе на улици и да протестира против оваа власт и да ја собори. Дали власта намерно не купува вакцини со цел кризата да трае подолго и да можат да ловат во матно? – прашува Николоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести