7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Николовски за МИА: Ќе се контролира имотната состојба и сопственички удели на дел од јавниот сектор

Најчитани вести

Преку воведување на законска обврска за пријавување на имотната состојба и сопственичка структура, на службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници, ќе се оневозможизлоупотреба на службената должност и можноста за искористување на својата положба за прибавување на имотна корист,вели заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба протов корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во денешното интервју за МИА.

Вицепремиерот Николовски, појаснува дека овој модел веќе го користат дел од странските држави.

„ Со тоа никој нема да може да го сокрие својот имот и да се богати на грбот на граѓаните и државата. Сличен модел на широк опфат на пријавување на имотна состојба и судир на интереси има во Романија, Литванија и Грција, и истото се има покажано како навистина ефикасен модел.Преку воведување на законска обврска за пријавување на имотната состојба и судир на интереси односно сопственичка структура, акции и удели во трговски друштва на службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници, ќе се оневозможи злоупотреба на службената должност и можноста за искористување на својата положба за прибавување на имотна корист, нанесување на штета или друг начин на влијание со кое службеното лице стекнува некаква корист за самиот себе или за него блиски лица“, посочува вицепремиерот Николовски.

Притоа, Николовски во интервјуото потенцира дека иако Планот за борба против корупција е усвоен и понатаму се следат домашните и странските извештаи на тема корупција и криминал, се разгледуват странските искуства во однос на мерките и стратегиите.

„Планот кој содржи 18 системски мерки, нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата, и е продолжение на она што започнавме да го работиме пред шест месеци“, додава Николовски.

Планот за борба против корупцијата е проект подготвен врз основа на препораки и предлози од надлежни институции, од објавениот јавен Повик за доставување на предлози од страна на невладини организации минатиот месец, од независните тела, како и врз основа на релеватните домашни и странски извештаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com