20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Николовски: Ги воочивме проблемите, продолжуваме со засилена акција против корупцијата

Најчитани вести

„Не е лесно да поправиш нешто што не е чепнато 30 години. Ние во овие четири месеци ги детектиравме сите слабости и погодени сме од проблемот со корупцијата. Се е во корелација со корупцијата, вработувањата, јавните набавки, функционирањето на обвинителствата, затоа велам отвораме теми и не правиме селекција. Треба да се договориме од што да тргнеме за да испорачаме резултати. Еве за вработуањата, за прв пат имаме огласи со план и програма за работа, критериуми кои треба да се исполнат… Тоа го зборувам, четири месеци детектиравме, прво заклучивме дека постои нефункционалнос и неповрзаност на институциите клучни во борбата против корупција, ако тие ние работат заедно, ако немаме синхронизирани процеси, кои резултати можеме да ги очекуваме? Секако дека важни се јавните набавки, вработувањата и дури и ситната корупција и затоа мораме да подготвиме план и ние како инситуции заеднички со граѓанските организации да застанеме во борбата.“ – изјави вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски во „Утрински брифинг“

Вицепремиерот објасни дека во тек е процес за поврзување на институциите за да има смисла целата борба против корупција.

„За прв пат имаме дека Антикпорупциската што не под закрила на власта, што е добро за процесите. Се што правевме до сега беше да ги подбриме условите за работа на антикорупционерите, да имаме софтверско решение, поголем буџет за нив, за да имаме електронски систем и за да се поврзе комисијата со другите институции, треба да е поврзана со 17 институции, еве сега ги поврзуваме. Просторот за работа не им беше решен, ама еве сега го решивме. Многу работи начнавме што не се допрени 30 години и сега кога ги отворивме темите што се криеле, сега и аналитичарите тврдат дека се појавиле теми за кои не се смеело да се зборува, мораме да продолжиме одлучно. Ние застануваме против сите кои сакаат ваква криминално- коруптивна ситуација.“- истакна Николовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести