1 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Ники Хејли кандидатка за претседателските избори во 2024?

Најчитани вести

Поранешната американска амбасадорка во ОН, Ники Хејли, објави нови мемоари во кои се повторува можноста за нејзина кандидатура на претседателски избори, најверојатно во 2024 година.

Иако поранешната гувернерка на Јужна Каролина се повлече од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, што ретко се случува во Белата куќа, некои аналитичари тврдат дека во „ерата после Трамп“, таа би можела да се бори да ја врати поддршката од традиционалистите меѓу републиканците кои не се согласуваат со политиките на актуелниот претседател.

„Позитивно е тоа што таа излезе без да биде многу оцрнета од администрацијата на Трамп“, вели Чип Фелкел, републикански аналитичар од Јужна Каролина.

Агенцијата АП наведува дека Хејли, која ја промовира книгата „Со сета должна почит“, не била достапна за изјавата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести