Норвешкото чудо од дете кое Реал Мадрид го купи пред некоја сезона, Мартин Одегаард, сега веќе има нов клуб, пренесува АС.
Споменатиот извор тврди дека Одегаард се двоуми помеѓу Баер Леверкузен и Реал Сосиедад, но на крајот го избрал шпанскиот клуб.
Иако желба на Реал беше Одегаард да одработи позајмица во Леверкузен, тој сепак одлучил да се врати назад во Шпанија.
Со Сосиедад овој играч ќе потпише на две сезони позајмица, па потоа Сосиедад ќе има шанси да го откупи неговиот договор доколку ги задоволи луѓето во овој клуб.
Одегаард има траен договор со Реал, до 2023 година, па секаква трансфер комбинаторика е можна.