10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Низ светските мориња наскоре ќе заплови посебна едрилица

Најчитани вести

Наизглед старата едрилица всушност е луксузен брод кој ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Овој брод има должина од дури 162 метри, ширина од 18,5 метри, носивост од 2.000 тони и има пет палуби. На едрилицата ќе има 450 луѓе, од кои 300 патници, кои ќе бидат сместени во 150 луксузни кабини, а преостанатите 74 кабини ќе бидат 150 членови на екипажот. 
Иако има рустикален изглед, опремен е со најмодерна опрема. А поседува и големи салони, па дури и библиотека.

На едрилицата е вградена најмодерна навигациска и комуникациска опрема, секоја кабина има интернет, телефон, телевизија, музика и останати средства за забава, а секој агол на бродот е покриен со WI-FI сигнал.

“Flying Clipper” е првата едрилица на светот со вгради највисоки безбедносни стандарди за безбедно враќање во пристаништето, па ги исполнува сите барање на американската крајбрежна стража, како и Службата за јавно здравство на САД.

На отворените палуби се наоѓаат три бара и три базени, од кои еден е наменет за нуркање. “Flying Clipper” е предвиден за едрење, а без застанување може да плови и до 400 часа.

Едрилицата е направена во Бродосплит, а планирано е да плови по сите светски мориња, вклучувајќи ги и водите на Арктикот и Антарктикот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com